Гостувањето на европскиот првак Реал во Ливерпул е дерби мечот кој во среда ќе се одигра во Лигата на шампиони. Покрај пресметката на Енфилд, внимание на натпреварите во групите А, Б, Ц и Д привлекува и гостувањето на Борусија кај Галатасарај, односно дуелот на Олимпијакос и Јувентус.

Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Лигата на шампиони, клуб со богата традиција, но и клуб кој против Ливверпул има негативна традиција. Великаните на европскиот фудбал досега имаат одиграно три дуели и на сите победил Ливерпул и тоа без примен гол.

Легендарниот стадион Енфилд во Ливерпул не му ’лежи’ ниту на Кристијано Роналдо. Делува чудно, но Португалецот додека беше играч на Манчестер јунајтед никогаш не постигнал гол во Ливерпул.

Роналдо, кој игра во врвна форма, со 19 голови во досегашниот тек од сезоната во сите натпреварувања, ќе го предводи нападот на Реал, во чии редови поради повреда ќе го нема Герет Бејл.

Група А: Атлетико Мадрид-Малме, Олимпијакос-Јувентус

Табела: Јувентус 3, Атлетико 3, Малме 3, Олимпијакос 3

Група Б: Ливерпул-Реал, Лудогорец-Базел

Табела: Реал 6, Базел 3, Ливерпул 3, Лудогорец 0

Група Ц: Баер Леверкузен-Зенит, Монако-Бенфика

Табела: Зенит 4, Монако 4, Баер 3, Бенфика 0

Група Д: Галатасарај-Борусија Дортмунд, Андерлехт-Арсенал

Табела: Борусија 6, Арсенал 3, Галатасарај 1, Андерелхт 1.

 

„Макфакс“