Европскиот шампион, Реал Мадрид и германскиот првак, Баерн Минхен се првите четвтфиналисти во Лигата на Шампиони, откако успешно ги минаа Наполи односно Арсенал во осминафиналните двомечи.
„Кралевите“ на Сан Паоло со пресврт во вториот дел го совладаа Наполи (3-1) и со вкупни 6-2 го минаа италијанскиот состав.
И „баварците“ како Реал Мадрид имаа негатива на полувремето на Емирати (1-0), а потоа со пет голови во мрежата на Оспина го совладаа Арсенал (5-1) и со вкупни 10-2 обезбедија пласман во ТОП 8.
Следните патници во четвртфиналето ќе се дознаат по реванш натпреварите меѓу Барселона – ПСЖ (0-4) односно Борусија Дортмунд – Бенфика (0-1).
OhridNews