Европскиот шампион Реал Мадрид и англискиот премиерлигаш Ливерпул забележаа победи во првите осминафиналниот натпревари во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ со 3-1 славеа против Пари Сент Жермен, а „црвените“ со 5-0 го „здробија“ Порто.

Избраниците на Зинедин Зидан во вистинско време и на вистинск место, пред своите гледачи го покажаа правото лице и со пресврт го совладаа најдобриот тим од фазата по групи во ЛШ. „Светците“ поведоа со голот на Рабиот во 33-минута, а до крајот на првиот дел домашните фудбалери изедначија преку Роналдо. Португалецот во 83-та минута погоди за 2-1, додека три минути подоцна Марсело ги постави конечните 3-1. 

Пулените на Јирген Клоп победувајќи го Порто со 5-0 ги поместија границите на гостински триумф во ЛШ кои синоќа ги постави Манчестер Сити со победата 4-0 над Базел. Фатално за Порто на „Драгао“ беше триото Мане, Фирмињо и Салах кои ги постигнаа петте голови.

Осминафиналните мечеви во ЛШ продолжуваат следната недела со четирите дуели по кои ќе се комплетира првата фаза.

OhridNews