„Кралевите“ успешно ја одработија домашната задача во првиот меч од осмифиналето во Лигата на Шампиони победувајќи го Наполи со 3-1. Но, ретко се случува Реал Мадрид да победи со три постигнати голови, а Кристијано Роналдо да го нема меѓу стрелците.
Голгетерскиот пост на Португалецот во ЛШ продолжи и на мечот со „азурите“ и стигна до неверојатни 523 минути, што е најдолг во дресот на Реал Мадрид.
Најдобриот фудбалер за минатата година последниот гол во ЛШ го постигна на 27 септември во ремито 2-2 со Борусија Дортмунд во Германија.
Од тогаш „лос бланкос“ одиграа пет натпревари во ЛШ и Роналдо не постигна ниту еден гол, а неговите соиграчи реализираа дури 15 погодоци.
Сепак, Роналдо активно учествуваше во триумфот на Реал Мадрид над Наполи асистирајќи за Тони Крос кој го постигна вториот гол за својот состав.
ЛШ: Наполи ги разбуди „кралевите“, дебакл на Арсенал на Алијанц арената (видео)
OhridNews