Mакедонскиот репрезентативец Агим Ибраими постигна прекрасен погодок за Астана во квалификацискиот дуел со Селтик за пласман во Лигата на Шампиони.


Деби погодокот за Ибраими во дресот на Астана ќе биде само утеха, бидејќи неговата екипа со гол во судиското продолжение изгуби 2-1 и поради послабиот вкупен резултат (3-2) испадна од понатамошните натпревари во ЛШ.


Стрелец на победничкиот погодок за „детелините“ беше Муса Дембеле од белата точка длабоко во дополнителните минути од натпреварот.

Резултати: Копенхаген – Астра 3-0 (4-1), Стеауа – Спарта Прага 2-0 (1-1), Хапоел – Олимпијакос 1-0 (0-0), ПАОК – Ајакс 1-2 (1-1), Салзбург – Партизани 2-0 (1-0), Андерлехт – Ростов 0-2 (2-2), Селтик – Астана 2-1 (1-1), Легија – Тренчин 0-0 (1-0), Монако – Фенербахче 3-1 (1-2).

OhridNews