Македонскиот ракометен првак Металург пред своите гледачи ремизираше со Брест Мешков 27-27 во меч, кој беше да се биде или не за пулените на Лино Червар.


По ремито со белорускиот преставник во Лигата на Шампиони тимот од Автокоманда ги загуби сите шанси за пласман во нокаут фазата.

Наспроти Металург екипата на Вардар со три бода се врати од Русија победувајќи го Чеховски Медведи со 39-34.

Со оваа победа „црвено црните“ направија чекор напред кон втората позиција за која ќе се борат Рајн Некар Ловен, кој го совлада лидерот Веспрем во Германија.

Мх.П.