Екипите на ЦСКА Москва и Баер Леверкузен ремизирајќи (1-1) ги поделија бодовите во првиот меч од петтата рунда во групната фаза од Лигата на Шампиони.


Бодот за московјаните не значи ништо, бидејќи ги загубија сите шанси за пласман на првите две места од табелата кои водат во нокаут фазата.

„Фармацевтите“, пак, ја остварија мисијата во Русија да останат непоразени иако поголем дел од мечот имаа водство 1-0.


Од исходот меѓу Монако – Тотенхем ќе зависи целата ситуацијата во Е групата во пресрет на последната рунда.

OhridNews