Англискиот премиерлигаш Ливерпул и шпанската Севиља ги поделија бодовите во дербито во рамките од Е групата во Лигата на Шампиони ремизирајќи 2-2 на Енфилд.

Двете екипи понудија допадлив и неизвесен фудбал, а за трите бодови од мечот можат да жалат домашните фудбалери. Сепак, така не започна дуелот кој со гол го отвори шпанскиот состав после катастрофалната грешка Дејан Ловрен. 


Примениот погодок не ги поколеба избраниците на Јирген Клоп кои нападнаа со сите расположливи средства. Доминатноста на теренот ја крунисаа во 20-та минута преку Роберто Фирмињо.

Гласната атмосфера на Енфилд им даде крилја на домашните фудбелери кои продолжија со фуриозните напади. Нападите одново вродија со плод и Салах со доза на среќа го сврте резултатот во полза на својата екипа.

После вториот гол на Ливерпул, бразилскиот репрезентативец Фирмињо ја имаше победата во своите раце, но не успеа во гол да го претвори ударот од белата точка.

На стартот од вториот дел Севиља постави рамнотежа на теренот, но да ја разбуди публиката се погрижи нивниот тренер Едуардо Берицо кој беше остранет од теренот поради неспортски однос.

Гостите од Андолузија не потклекнаа пред притисокот и најдоа начин да постигнат втор погодок преку Хоакин Кореа кој им донесе бод на Енфилд.

Да биде дуелот во Ливерпул исполнет целосно се погрижи домашниот фудбалер Џо Гомез кој доби втор жолт, автоматски црвен картон.

Резултати:

Група Е: Ливерпул – Севиља 2-2, Марибор – Спартак Москва 1-1

Табела: Ливерпул 1, Севиља 1, Марибор 1, Спартак Москва 1.

Група Ф: Феенорд – Мен Сити 1-4, Шахтјор Доњецк – Наполи 2-1

Табела: Мен Сити 3, Шахтјор Доњецк 3, Наполи 0, Феенорд 0.

Група Г: Порто – Бешикташ 1-3, Лајпциг – Монако 1-1

Табела: Бешиктап 3, Лајпциг 1, Монако 1, Порто 0

Група Х: Реал Мадрид – АПОЕЛ 3-0, Тотенхем – Борусија Дортмунд 3-1

Табела: Реал Мадрид 3, Тотенхем 3, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ 0.

OhridNews