Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски на голот од Рајн Некар Ловен одновo се најде во изборот на ЕХФ за најдобри пет одбрани на колото во Лигата на Шампиони.


Ристовски овој пат ја „резервираше“ четвртата позиција откако успеа да го скроти цепелинот на составот на Киелце кој на крајот се радуваше на минимална победа 28-27.

Овој пат во одбраните и головите на колото недостасуваа ракометарите на Вардар кои потешко од очекувањата го совладаа Кристијанштад 38-26 пред своите гледачи.

ТОП 5 одбраните погледнете ги ТУКА.

ТОП 5 головите погледнете ги ТУКА.

OhridNews