Менаџерот на петкратниот европски првак, Ливерпул, Брендан Роџерс им покажа заби на скапите ѕвезди кои сезонава играат далеку од своето ниво.


Роџерс за дуелот со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ги изостави капитенот Стивен Џерард, Балотели, Стерлинг, Хендерсон, Коутињо и Џонсон и мечот го започна со играчите кои помалку добиваат шанса.

Со овој потег менаџерот на „црвените“ сака да ги „разбуди“ ѕвездите во клубот кои ги очекува тешка битка во Премиер лигата и Лигата на шампиони.

Мх.П.