Вечерва со почеток во 20 часот и 45 минути ќе се одиграат два од четирите преостанати реванш натпревари во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. пицентар на фудбалските возбудувања ќе бидат Олд Трафорд во Манчестер и Олимпико во Рим.

Картите во дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Севиља се отворени, откако првиот меч заврши без голови и без победник. На домашните фудбалери им е неопходна победа, додека гостите можат да се надеваат на реми со постигнат погодок. „Црвените ѓаволи“ имаа повеќе од посакуван вовед за осминафиналниот меч победувајќи го Ливерпул, наспроти Севиља која изгуби од Валенсија на домашен терен.

Украинскиот преставник во ЛШ, Шахјтор Доњецк во Рим на мегдан со Рома на Олимпико ќе допатува со минимална предност (2-1) од првиот натпревар. „Волчицата“ пред своите гледачи има само една опција, а тоа е победа и то не било каква. Победа од 1-0 ги води во ТОП 8, а исто така и победа со два голови разлика.

Пласман во четвртфиналето обезбедија веќе Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Сити и Ливерпул.

Јане Велковски специјален гостин на Манчестер Јунајтед

OhridNews