Со головите на Кристијано Роналдо во 10-та, 73-та и 86-та минута од натпреварот, Реал Мадрид со 3-0 го совлада градскиот ривал Атлетико Мадрид во првиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампиони.
Португалецот ја продолжи гол серијата во нокаут фазата и со 101-от, 102-от, 103-от погодок во ЛШ широко му ја отвори финалната врата на својот клуб кој сезонава (ќе) ја брани титулата во финалето.
„Кралевите“ комплетно доминираа во првиот полуфинален натпревар и заслужено го нокаутираа градскиот ривал кој не прикажа игра каква што се очекуваше.
На „јорганџиите“ ќе има треба чудо на реваншот на „Винсенте Калдерон“ кој ќе се одигра следната седмица.
OhridNews