Деветкратниот првак во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и германскиот првак Борусија Дортмунд се првите четвртфиналисти во најеминетното натпреварување.


Избраниците на португалскиот стратег Жозе Мурињо на Олд Трафорд забележаа победа 2-1 и со вкупни 3-2 се пласираа понатамошната фаза.

Голема дамка на победата на Реал Мадрид остави сомнително исклучување на Нани во 56-та минута кога Манчестер Јунајтед имаше водство 1-0 по автоголот на Серхио Рамос.

Бедемот пред голот на Јунајтед потклекна во 66-минута. Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ надвор од казнетиот простор со прецизен удар и со помош на стативата го изедначи резултатот.

Само три минути им беа потребни на фудбалерите на Реал Мадрид комплетно да го свртат резултатот во нивна полза. Кристијано Роналдо им пресуди на “своите“ откако одлично со лизгачки старт ја испрати топката по нафрлувањето на Игуаин.

За триумфот на Реал Мадрид среде Манчестер најзаслужен е голманот на Диего Лопез, кој во неколку наврати бравурозно интервенираше.

Борусија Дортмунд извојува победа 3-0 на домашен терен над украинскиот преставник во Лигата на Шампиони, Шахјтор Доњецк и со вкупни 5-2 се квалификуваше во најдобрите осум. Стрелци на головите за “милионерите“ беа Аугусто, Марио Гетце и Блажиковски.

В среда на програмата во Лигата на Шампионите се дуелите ПСЖ – Валенсија (2-1) и Јувентус – Селтик (3-0).

Мх.П.