Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и навивачите имаат големи причини за задоволство откако најдобриот фудбалер во составот Кристијано Роналдо се врати во полн погон на тренинзите од екипата.
Роналдо се повреди на дуелот со Виљареал во Ла Лига и од тогаш нема настапено ниту минута за својата екипата. Тој пропушти два мечеви во Шпанија и полуфиналниот со Манчестер Сити кој заврши без голови.
Португалецот ќе биде во трка со времето до реваншот со англискиот премиерлигаш кој се игра в среда со почеток од 20:45 часот.
И без Роналдо во составот „кралевите“ победија во двата меча во Ла Лига и извлекое позитивно реми на Етихад играјќи без голови 0-0.
OhridNews