Фудбалерите на Ростов приредија сензација во петтата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го Баерн Минхен со 3-2 на „Олимп 2“ стадионот.


Русите со триумфот над германскиот првак драстично си ги зголемија за пласман на третата позиција во групата која води во Лигата на Европа.

„Баварците“ после 35 минути игра поведоа со 1-0, а стрелец на голот беше Даглас Коста. Во 44-та минута Сердар Азмун изедначи на 1-1 и го врати домашниот состав во игра.


После пет минути игра во вториот дел, Ростов го презеде водството, откако Дмитри Полож биеше прецизно од белата точка. Сепак, радоста на домаќините кратко траше само две минути. Левиот бек Хуан Бернат израмни во 52-та минута.


Во 67-та минута Кристијан Нобоа ги фрли во транс домашните навивачи погодувајќи ја мрежата на противникот маестрално од слободен удар.


Второто водство на мечот, фудбалерите на Ростов го задржаа до крајот и забележаа сензационална победа над „баварците“ кои најверојатно ќе се пласираат на втората позиција во групата.

OhridNews