Англискиот премиерлигаш Арсенал со 2-0 го совлада тимот на Борусија Дортмунд на „Емирати“ во петтата рунда од Лигата на шампиони.


Со триумфот над „милионерите“ фудбалерите на Арсенал го осигураа пласманот во нокаут фазата, но сеуште не е јасно од која позиција.

Саного уште во втората минута погоди за „топчиите“ и наговести добар натпревар за домаќините.


По неколку прилики за погодок конечните 2-0 ги постави Алексис Санчез со маестрален погодок од дваесеттина метри.


Покрај „топчиите“ пласман во нокаут фазата обезбедија Атлетико Мадрид и Леверкузен додека Галатасарај во ЛШ ќе ги заврши европските натпревари сезонава.

Резултати :

Група А : Атлетико Мадрид-Олимпијакос 4-0, Малме-Јувентус 0-2

Табела: Атлетико 12, Јувентус 9, Олимпијакос 6, Малме 3.

 
Група Б : Базел-Реал Мадрид 0-1, Лудогорец-Ливерпул 2-2

Табела: Реал 15, Баезел 6, Ливерпул 4, Лудогорец 4.

 
Група Ц : Зенит-Бенфика 0-1, Баер Леверкузен-Монако 0-1

Табела: Баер 9, Монако 8, Зенит 7, Бенфика 4

 
Група Д : Арсенал-Борусија Дортмунд 2-0, Андерлехт-Галатасарај 2-0

Табела: Борусија 12, Арсенал 10, Андерлехт 5, Галатасарај 1.

 

Мх.П.