Навивачите на кралскиот клуб со стоечки овации го поздравија Франческо Тоти на мечот меѓу Реал Мадрид и Рома во Лигата на Шампиони.
Капитенот на „волчицата“ најверојатно ја игра последната сезона и неговиот настап на Сантијаго Бернебеу е последен во елитното клупско натпреварување.
Во минатото „принцот од Рим“ беше голема желба на Реал Мадрид, но Тоти уште тогаш најави дека нема намера да ја напушти Рома, и го оствари тоа.
„Кралевите“ ја елиминираа Рома во 1/8 финалето совладувајќи ја со вкупен резултат (4-0).
ЛШ: „Кралевите“ го срушија италијанското проклество (видео)
OhridNews











