Актуелниот првак на Европа, Реал Мадрид е првиот патник во Киев, каде на 19 мај ќе се одигра финалето од Лигата на Шампиони оваа сезона. „Кралевите“ во полуфиналната класика го елиминираа Баерн Минхен со вкупен резултат 4-3.

Реваншот на Сантијаго Бернабеу заврши без победник 2-2, а Реал Мадрид пласман понатаму обезбеди поради победата 2-1 во првиот меч на Алијанц арената во Минхен.

„Баварците“ мечот го започнаа маестрално, откако Џошуа Кимих погоди за почетно водство после три минути игра. Домаќините брзо се созедоа и со голот на Карим Бензема во 11-та минута го изедначија резултатот.

Второто полувреме имаше непосакуван почеток за германците. После грешката на голманот Урлих, Бензема со вториот гол на мечот донесе водство 2-1. Примениот погодок не ги поколеба и обесхрабри „баварците“ кои нападнаа и покрај негативата од два погодоци во вкупниот биланс. Офанзивната игра плод им донесе во 63-та минута со голот на Хамес Родригез, кој по втор пат го изедначи резултатот.

Германците нападнаа во последните 20-тина минути од мечот, а Реал Мадрид во италијански стил со „катанаџо“ ја одбрани предноста и обезбеди пласман во финалето.

На Олимпискиот стадион во Киев, Реал Мадрид ќе ја брани титулата, а противник ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Рома – Ливерпул. Првиот меч на Енфилд заврши во корист на „црвените“ 5-2.

OhridNews