Со натпреварите од шестото коло во групите Е, Ф, Г и Х во среда ќе заврши првата фаза во Лигата на шампиони.

Најпривлечните натпревари ќе се одиграат во групите Е и Г, каде Рома, Манчестер Сити и ЦСКА, односно Шалке и Спортинг ќе се борат за преостанатите две места во осминафиналето.

Рома на „Олимпико“ ќе го пречека Сити во дербито на вечерта. Англискиот првак победа во Рим, но и пораз или нерешен исход на ЦСКА во Минхен го носи во наредната рунда. На Рома и е потребна победа или реми без голови за да се пласира во осминафиналето. ЦСКА може да оди понатаму, но само доколку приреди сензација и го победи Баерн во Минхен, а во исто време во Рим да биде нерешено.

Помалу дилеми има во Г групата, Спортинг ќе му гостува на Челзи и со освоен бод ќе биде меѓу најдобрите шеснаесет. Доколку во Лондон победи Челзи, тогаш Шалке со победа во Марибор ќе се пласира во следната фаза.

Пласман во осминафиналето веќе изборија ПСЖ, Барселона, Челзи, Баерн, Порто и Шахтјор.

Двојки :

Група Е: Баерн-ЦСКА, Рома-Манчестер Сити

Табела: Баерн 12, Рома 5, Сити 5, ЦСКА 5

 

Група Ф: Барселона-ПСЖ, Ајакс-АПОЕЛ

Табела: ПСЖ 13, Барселона 12, Ајакс 2, АПОЕЛ 1

 

Група Г: Челзи-Спортинг, Марибор-Шалке

Табела: Челзи 11, Спортинг 7, Шалке 5, Марибор 3

 

Група Х: Атлетик Билбао-БАТЕ Борисов, Порто-Шахтјор

Табела: Порто 13, Шахтјор 8, Атлетик 4, БАТЕ 3.

 

„Макфакс“