Ниту третиот настап во полуфиналето не беше среќен за “црвено-црните“ кои претрпеа неочекувано убедлив пораз од Букурешт со 27-21 (14-9).
Дебитантот на ова натпреварување покажа многу повеќе желба и умешност и го совлада индиспонираниот тим на Давис Камара и Индира Кастратовиќ.
Според играта црвено црните и него заслужија финалето. Прекомотно влегоа во мечот, а таквиот однос им се врати како бумеранг. По воведното водство 1-0, цели 12 минути не го најдоа патот кон противничката мрежа.
Кај Букурешт брилираше голманката Грубишиќ која беше нерешлива енигма за “црвено-црните“. Благодарение на нејзините одбрани и снаодливоста во нападот “плавите“ го полнеа голот на Вардар.
Целата неизвесност околу конечниот победnик беше одлучена на средина од вториот дел кога со серијата голови “плавите“ се одлепија на високи плус 11, 22-11.
Бразилката во романскиот тим Родиргес Бело со 5 постигнати гола беше најпрецизна во победничкиот тим, додека кај Вардар Лекиќ со 6 постигнати гола беше најефикасна.
Во мечот за третото место Вардар ќе игра против Будуќност. Во финалето Букурешт ќе го предизвика Ѓер.
OhridNews