Екипите на Рома и Ливерпул се првите полуфиналисти во Лигата на Шампиони. Италијаните сензационално ја елиминираа Барселона, додека „црвените“ со две победи го поминаа Манчестер Сити во четвртфиналето.

Ретко кој, а можеби и никој не и даваше минимални шанси на Рома после поразот 4-1 во првиот меч на Ноу Камп. Но, римјаните се надминаа себеси и со 3-0 парчиња во мрежата ја испратија Барселона од Олимпико за пласман во 1/2 финалето. Големата победа ја најави Един Џеко со голот во 6-та минута. Истиот фудбалер изнуди пенал, а во гол го претвори Де Роси за 2-0. Третиот и одлучувачкиот погодок го постигна Манолас во 80-та минута.

 

 

Ливерпул со нова победа овој пат 2-1 над Манчестер Сити го завери пласманот помеѓу четирите најдобри во Лигата на Шампиони. „Граѓаните“ со голот на Габриел Жесус брзо поведоа и почнаа според планот. „Црвените“ и покрај негативата не потклекнаа пред притисокот и издржаа на сите налети од домашните фудбалери. Голем број, ако не и сите дилеми ги реши Мо Салах кој изедначи на 1-1 после 10 минути игра во второто полувреме. Печат на билетот за 1/2 финале стави Фирмињо кој погоди за комплетен пресврт.

 

Полуфиналните учесници ќе се комплетираат после одигрувањето на мечевите помеѓу Реал Мадрид – Јувентус 3-0 односно Баерн Минхен – Севиља 2-1.

OhridNews