Актуелниот англиски шампион Манчестер Јунајтед на титулата од англиското првенство му ја придодаде и титулата во ЛШ. На речи си идентичен возбудлив начин “ѓаволите“ триумфираа како 99 против Баерн МИнхен. Менаџерот на Манчесер сер Алекс Фергусон смета дека подобриот тим ја освоил титулата

– Заслужено триумифиравме . Имавме подобри шанси на мечот. Тие ја контролираа играта во вториот дел но ние бевме подобри во продолженијата. Мојата екипа е фантастична. Ова е најдобрата екипа која воопшто сум ја водел заклучи Фергусон

Аврам Грант, менаџерот на Челси вели дека капитенот Џон Тери е најзаслужен за пласманот во финалето и дека во финалето Тери одиграл извонреден натпревар.И покрај промашувањето на меч – топката Грант, што е и очекувано, застана зад својот капитен

–    Многу ми е жал што не успевме. Тери се лизна при ударот, но тој е главната причина поради која бевме во финалето. Ова нема да е последно финале во ЛШ за Челси – заврши Грант

М.П.