Реванш натпреварите во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони продолжуваат со мечевите помеѓу Тотенхем – Јувентус односно Манчестер Сити – Базел.

Фудбалерите на Тотенхем дуелот во Лондон против италијанскиот првак Јувентус ќе го започнат со гол предност поради двата постигнати погодоци во ремито (2-2) пред две седмици.

– Треба да се чувствуваме слободни. Ако го направиме тоа и уживаме во натпреварот, ќе достигнеме до врвот на нашите можности. Ако играме на најдобар начин, значи ќе победиме. Тоа е речиси сигурно. – изјави менаџерот на „петлите“, Маурицио Покетино.

И покрај негативниот скор на Јувентус на остворот капитенот на „бјанко-нерите“, Џиџи Буфон оптимист е пред дуелот со Тотенхем на Вембли.

– Не треба да го сфаќаме овој меч како финалето на Лигата на Шампионите. И подобро што не е финале затоа што сите знаете како поминуваме таму. Ние треба да покажеме карактер. Се надевам дека ќе се потрудиме да ја прикажеме нашата препознатлива игра, бидејќи имаме шанса да играме во четвртфиналето. Ќе биде тешко, Тотенхем покажа во Торино квалитет, но веруваме вашето искуство. – истакна Буфон.

Во преостанатиот меч од вечерва Манчестер Сити ќе има лесна задача пред своите гледачи против Базел. „Граѓаните“ ќе треба да ја задржат високата предност (4-0) од првиот натпревар и да го чекираат билетот за ТОП 8.

OhridNews