Холандски Ајакс прокнижи три бодови на табелата во Е групата победувајќи го тимот на АЕК Атина со 3-0 пред своите гледачи во првата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони. Први бодови освоија Шахјтор и Хофенхајм после ремито 2-2.

Фудбалерите на Ајакс отпорот на грците го скршија во второто полувреме. Во првиот дел холанаѓаните и покрај нападите не најдоа начин да ја погодат гостинската мрежа. Домаќините погодок за водство постигнаа во првата минута од второто полувреме, а потоа беше се полесно. На 2-0 зголемија во 77-та, а конечните 3-0 ги поставија во 90-та минута.

Украинскиот тим Шахјтор и Хофенхајм ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2. Германците два пати имаа водство, но домаќините и во двата наврати ја надополнуваа негативата. На крајот ремито и најреален исход кога се` ќе се сумира.

Во Е групата каде што се наоѓаат Ајакс и АЕК Атина првата рунда ќе ја комплетираат Бенфика – Баерн Минхен со дуелот во Португалија, додека во групата Ф силите ќе ги одмерат Манчестер Сити – Лион.

OhridNews