Бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид ќе биде подложен на сериозен испит на Вестфален стадионот каде во втората рунда од групната фаза ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ се во победнички налет од три мечеви во Бундес лигата со постигнати 14 погодоци, а импресивен настап имаа и во првата рунда од ЛШ победувајќи ја Легија со високи 6-0.
„Кралевите“, пак, во последните два мечеви во Ла Лига ремизираа два пати. Мадридските бели одиграа 1-1 со Виљареал на домашен терен, а 2-2 со Лас Палмас на гостински.
Иако победија пулените на Зинедин Зидан не ги освоија симпатиите против Спортинг Лисабон кој го совладаа со два погодоци во финишот.
Двојки:
Група Е: Цска Москва – Тотенхем, Монако – Баер Леверкузен.
Табела: Монако 3, Баер Леверкузен 1, Цска Москва 1, Тотенхем 0.
Група Ф: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид, Спортинг Лисабон – Легија Варшава
Табела: Борусија Дортмунд 3, Реал Мадрид 3, Спортинг 0, Легија 0.
Група Г: Копенхаген – Клуб Бриж, Лестер – Порто
Табела: Лестер 3, Копенхаген 1, Порто 1, Клуб Бриж 0.
Група Х: Динамо Загреб – Јувентус, Севиља – Лион
Табела: Лион 3, Јувентус 1, Севиља 1, Динамо Загреб 0.
OhridNews