Осминафиналните пресметки во Лигата на Шампиони продолжуваат со мечевите меѓу Јувентус – Баерн Минхен и Арсенал – Барселона.


Овие два осминафинални парови немаше да биде чудно да се најдат во четвртфиналето или полуфиналето, но ждребката сакаше силите да ги одмерат уште во првата елиминациска фаза во ЛШ.

За љубителите на добар и атрактивен фудбал попривлечен е дуелот меѓу Арсенал и Барселона додека оние се префинет вкус акцент ќе стават на Јувентус и Баерн Минхен каде ќе одлучуваат „шаховски потези“.


Арсенал нема добро минато со Барселона и ќе му е потребно фудбалско совршенство за елиминација на каталонците кои се наоѓаат во инзводредна форма.

Шампионите од Серија А односно Бундес лигата се сосема друга осминафинална приказна. После ждребот „баварците“ беа изразити фаворити, но од тогаш Јувентус ја крена формата, врза 15 победи по ред и се врати на врвот од Калчолигата и на маестрален начин го најави дуелот со германскиот гигант. 

Мечевите во Торино и во Лондон се играат во стандардните термини за европски клупски фудбал 20:45 часот.

Мх.П.