Натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите, во првите четири групи на програмата се вечерва. Шест екипи веќе по ова коло можат да изборат пласман во нокаут рундата Манчестер Јунајтед, Базел, ПСЖ, Баерн Минхен, Челси, Јувентус и Барселона.

Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Барселона, заедно со Бешикташ кој утре го игра својот натпревар, се единствените тимови со максимален учинок по четири кола.

Јунајтед има девет бодови и во оваа рунда ќе ја пречека Бенфика, а со победа и евентуален триумф на Базел над ЦСКА двата тима ќе се најдат во осминафиналето.

Слична е ситуацијата во Б групата, ПСЖ ќе го пречека Андерлехт, а минхенски Баерн ќе гостува кај Селтик. Со победа двата тима ќе одат во наредната фаза, а во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде прв во групата.

Најнеизвесно е во Ц групата, Челси има седум бода, Рома пет, Атлетико два, а Карабаг еден бод. Челси со победа во Рим над Рома ќе биде во следната фаза.

Барселона во Д групата има три победи, а во четвртото коло гостува во Атина кај Олимпијакос. Јуве има шест бода и доколку Барса победи во Атина, а „старата дама“ во Лисабон кај Спортинг тогаш овие два тима веќе ќе бидат во наредната рунда.

Двојки:

Група А: Манчестер Јунајтед-Бенфика, Базел-ЦСКА Москва

Табела: Ман.Јунајтед 9, Базел 6, ЦСКА 3, Бенфика 0 

Група Б: Селтик-Баерн, ПСЖ-Андерлехт

Табела: ПСЖ 9, Баерн 6, Селтик 3, Андерлехт 0 

Група Ц: Рома-Челси, Атлетико Мадрид-Карабах

Табела: Челси 7, Рома 5, Атлетико 2, Карабаг 0 

Група Д: Спортинг-Јувентус, Олимпијакос-Барселона

Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг 3, Олимпијакос 0.

OhridNews