Тетовска Шкендија ја помина првата фаза во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони елиминирајќи го велшкиот состав ТНС со вкупен резултат (5-4). Во следната втора рунда „црвено црните“ ќе се судрат со подобрата екипа од двомечот помеѓу Торпедо Кутаиши од Грузија или молдавскиот Шериф Тираспол.

Македонскиот шампион со убедлива и комотна предност од 5-0 отпатува на реваншот, но фудбалерите на ТНС по само 45 минути играа имаа водств 3-0 и шанса за сензација и пресврт каков што не се случил во квалификациите во ЛШ.  Домаќините четвртиот погодок го постигнаа во судиското продолжение и немаа време за уште кој ќе им донесеше продолженија.

Овој пораз е опоменувачки за Шкендија, бидејќи ништо не е готово после еден натпревар, без разлика колку е висока победата.

Шкендија нема време за одмор и следната среда на домашен терен во Скопје го игра првиот меч од втората етапа во квалификациите за  ЛШ.

OhridNews