Реванш натпреварите во Лестер и Торино во рамките од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони ги одблежаа голманите Каспер Шмајхел односно Икер Касиљас.
Шмајхел го доби епитетот херој во пласманот на Лестер во 1/4 финалето, откако при резултат 2-0 за неговиот тим успеа да скроти ударот од белата точка на Н`нзонзи. Данецот и во првиот дуел одбрани пенал, тогаш изведевуач беше капитенот Кореа.
Касиљас на дуелот во Торино меѓу Јувентус и Порто го запиша 175-от настап во Европските натпреварувања и го престигна Паоло Малдини на вечната листа.
Сепак, Шпанецот на голот од Порто нема по добро да го памети рекордот, бидејќи неговиот тим претрпе пораз 1-0 и со вкупен резултат 3-0 ги завршија мечевите во ЛШ сезонава.
OhridNews