Екипата на Волфзбург приреди најголема сензација во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони победувајќи го Реал Мадрид со 2-0 во првиот натпревар додека Пари Сент Жермен и Манчестер Сити ремизираа 2-2.
„Волците“ максимално ја искористија аутсајдерската улога во дуелот со фаворизираниот кралски клуб кој четири дена претходно го совлада големиот ривал во Шпанија, Барселона.
Домаќините поведоа со голот од пенал на Рикардо Родригез во 18-та минута од натпреварот. Седум минути подоцна Волфзбург ја дуплираше предноста со погодокот на Максимилијан Арнолд. Во продолжение „кралевите“ нападнаа, но не успеаја да го ублажат поразот.
Првата од двете „мултимилионски“ пресметки заврши без победник откако „светците“ и „граѓаните“ ремизираа 2-2. Мечот на „Парко на Принцовите“ изобилуваше со грешки, а токму од четири грешки паднаа и головите. Манчестер Сити водеше со 1-0 после голот на Кевин де Брујин, домаќините со головите на Златан Ибрахимовиќ и Андре Рабиот го сврте резултатот, а реми обезбеди Фернандо со гол во 75-та минута.
OhridNews