Еден од трите германски преставници во Лигата на Шампиони, Баер Леверкузен на „Винсенте Калдерон“ против домаќинот Атлетико ќе ја брани минималната предност 1-0 од првиот натпревар.


Германците се подготвени за „валканите“ игри на Атлетико со кои во овој модерен фудбал се служат речиси сите екипи.

– Резултатот од првиот натпревар е добар за нас, но се уште не сме направиле ништо ако не го зачуваме на реваншот. Атлетико и понатаму е фаворит и ние мора да одиграме нов феноменален меч за да се израдуваме на пласман во четвртфиналето. – рече тренерот на „фармацефтите“ Роџер Шмит.

Спортскиот директор на Леверкузен за германските медиуми изјави дека неговите фудбалери треба да бидат подготвени за „фајтерска“ борба на секаде од теренот.

– Сите ние знаеме што не чека во Шпанија. Тие ќе гризат, тепаат и провоцираат за да стигнат да победата. Покрај тоа тие се квалитетен состав иначе не би имале такви успеси како минатата сезона. – додаде Михаил Шаде.

Мх.П.