Чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик го предводи тимот на колото во осмата рунда од Лигата на Шампиони. 

Тој со своите одбрани долго време го чуваше водството на „црвено црните“, но на крајот каталонците се извлекоа и со целиот плен заминаа од Скопје.

Иако беше избран за најдобар голман на осмата рунда ниту една одбрана од Штербик не се најде во изборот на најдобрите.

Меѓу најдобрите пет голови еден има Тимур Дибиров кој со својот препознатлив удар го совлада одличниот Перез де Варгас.

Идеалниот тим на осмата рунда : Мануел Линигер – лево крило (Кадетен Шафхаузен), Никола Карабатиќ – лев бек (ПСЖ), Деан Бобмач – среден бек (ПИК Сегед), Лука Шибитеќ – десен бек (Загреб), Виктор Томас – десно крило (Барселона), Ренато Сулиќ – пикер (Веспрем), Арпад Штербик – голман (Вардар).

Мх.П.