Дефанзивецот Џон Тери нема да може да им помогне на соиграчите во реваншот против Пари Сент Жерме во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.


35-годишниот стопер се уште има проблеми со задната ложа. Неговото отсуство го потврди менаџерот Гус Хидинк на официјалната пресконференција.

– На жалост Тери нема да биде со нас. Тој е подготвен, но не сакаме да ризикуваме бидејќи може да создадаме нови несакани проблеми. Знам дека ќе имам големи проблеми околу составот, но нема да ми е прв пат. – рече Хидинк.

Челси на Стемфорд Бриџ ќе брка негатива 2-1 од првиот меч, а за мечот од Лигата на Шампиони имаа лош вовед ремизирајќи 1-1 со Стоук во Премиер лигата.

OhridNews