Дуелот на водечките екипи во Англија и Италија помеѓу Манчестер Сити – Наполи им припадна на домаќините кои славеа со 2-1 во дербито од третата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампионите.
„Граѓаните“ после 13-ет минути игри имаа водство 2-0 со головите на Рахим Стерлинг и Габриел Жесус. „Азурите“ првата шанса резултатски да се вратат во мечот имаа во 38-та минута, но Мертенс не реализираше удар од белата точка. Иста шанса гостите од Италија имаа во 73-та минута која во погодок ја претвори Диавара. До крајот на мечот „наполитанците“ нападнаа, но не успеаја да се спасат од пораз.
Најубедлив триумф во мечевите од Е-Х сегментот забележа составот на Ливерпул кој победи 7-0 на гостувањето кај тимот на Марибор. Убедливата победа гостите ја навија во првиот дел во кој постигнаа четири голови. Со нови три голови во второто полувреме ја комплетираа „седмицата“ и ја забележаа првата победа сезонава.
Резултати:
Група Е: Марибор – Ливерпул 0-7, Спартак Москва – Севиља 5-1
Табела: Ливерпул 5, Спартак Москва 5, Севиља 4, Марибор 1.
Група Ф: Феенорд – Шахјтор Доњецк 1-2, Мен Сити – Наполи 2-1
Табела: Мен Сити 9, Шахјтoр Доњецк 6, Наполи 3, Феенорд 0.
Група Г: Монако – Бешикташ 1-2, Лајпциг – Порто 3-2
Табела: Бешикташ 9, Лајпциг 4, Порто 3, Монако 1.
Група Х: АПОЕЛ – Борусија Дортмунд 1-1, Тотенхем – Реал Мадрид 1-1
Табела: Реал Мадрид 7, Тотенхем 7, Борусија Дортмунд 1, АПОЕЛ 1.
OhridNews