Англискиот првак Манчестер Сити на гостувањето во Москва ремизираше 2-2 со ЦСКА во првиот натпревар од третата рунда во Лигата на Шампиони.
„Граѓаните“ со погодоците на Кун Агуеро и Џејмс Милнер во првиот дел стекнаа капитална предност, која не се покажа доволна за победа.
Резултатот го намали Сејду Думбија, а во финишот од мечот со гол од пенал бод за „црвените“ донесе Бебрас Начо.
Во четвртата рунда Сити пред своите гледачи ќе го пречека составот на ЦСКА Москва.
Мх.П.











