Манчестер Сити и Атлетико Мадрид се новите две екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампиони.
Во осминафиналните пресметки „граѓаните“ го елиминираа Динамо Киев со вкупен резултат (3-1), а „јорганџиите“ по изведувањето на пеналите (8-7) го прескокнаа ПСВ Ајндховен.
Манчестер Сити на Етихад во реванш мечот ремизираше без голови (0-0) со Динамо и ја задржа предноста од Киев после победата (3-1) и за прв пат во својата историја се избори за пласман во 1/4 финалето.
И вториот меч од осминафиналето меѓу Атлетико Мадрид и ПСВ Ајндховен заврши без голови. Ниту во продолжението немаше победник, па четвртфиналистот се одлучуваше по пенал серијата.
Двете екипи реализираа седум пенали по ред, во осмата серија за ПСВ промаши Лусијано Нарсин, а за домаќините реализираше Хуанфран за четвртфинале.
Покрај Атлетико Мадрид и Манчестер Сити пласман меѓу осумте најдобри изборија Реал Мадрид, ПСЖ, Бенфика и Волфзбург.
OhridNews