Европската куќа на фудбалот УЕФА го изостави од списокот арбитри Сунејт Чакир за 1/4 финалните натпревари во Лигата на Шампиони.

Изоставувањето на Турчинот е мала, но слаба утеха за Манчестер Јунајтед, кој беше драстично оштетен од Чакир во осминафиналниот натпревар со Реал Мадрид.

Чакир престрого го исклучи Нани во 55-та минута и го растури “финалето пред финалето“ во Лигата на Шампиони.

Со фудбалер помалку Јунајтед беше немоќен иако имаше предност од 1-0. Со головите на Модриќ и Кристијано Роналдо “кралевите“ направија комплетен пресврт и се пласираа во најдобрите осум.

Мх.П.