Европскиот првак Реал Мадрид го пријави норвешкиот вундеркинд Мартин Одегард за продолжението од Лигата на Шампиони.


16-годишниот фудбалер зимава го засили Реал Мадрид и веднаш се најде на првата листа бидејќи неможе на втората поради немањето стаж од две години во клубот.

Ако норвежанецот настапи на осминафиналниот натпревар со Шалек ќе стане најмладиот фудбалер во историјата ќе го сруши досегашниот рекорд на Целестин Бабајаро, кој во 1994 година играше за Андерлехт против Стеуа со 16 години и 87 дена.

Одегард дебитираше за резервниот тим на „кралевите“ на мечот со кинескиот Бејинг, а натпреварот заврши без победник 3-3.

Сепак, деби на официјален натпревар норвешкиот репрезентивец ќе има викендов на дуелот со Атлетико во Б тимот, кој го предводи Зинедин Зидан.

Ohridnews