Фудбалерите на Пари Сент Жермен го прекинаа низот без пораз на Манчестер Јунајтед под водство на Оле гунар Солскјаер. „Светците“ на Олд Трафорд во првиот меч од 1/8 финалето славеа со 2-0 и обезбедија голема предност за реваншот кој ќе се одигра во Париз на почетокот од следниот месец.

  • Некое време од натпреварот не игравме на нивото кое го посакуваме и затоа мора да научиме многу од ова искуство. Оваа сезона ќе го дефинира секој од нас. Планини се пред нас, треба да ги искачиме, а не да се откажеме после неуспешниот прв обид. Ова беше враќање во реалноста. – изјави Солскјаер.

Германскиот стратег на клупата од ПСЖ, Томаш Тухел смета дека добрата игра во одбрана над Пол Погба и Маркус Рашфорд вродила плод и оти тука лежи клучот во победата. Вреди да се напомене дека „светците“ мечот го одиграа без Нејмар и Едисон Кавани, а блеснаа Анхел ди Марија и Килијан Мбапе кои беа творци на победата.

  • Верувавме во себе. Игравме високо на теренот и го притискавме Манчестер Јунајтед. Кога беше потребно да се браниме позиционо и тоа го правевме добро. Дуелот беше микс од трчање, агресија и искуство. Настапивме како тим, речиси ги неутрализиравме Погба и Рашфорд, и тука лежи клучот во победата. Јас лично сметам дека не е готово. Кога можевме ние да победиме во Манчестер, може и нашиот противник во Париз. – рече Тухел.

Манчестер Јунајтед во 2014 година против Олимпијакос успеа да надополни 2-0 негатива, но ПСЖ е далеку поквалитетен и подобар ривал од грчкиот состав.

OhridNews

ЛШ: ПСЖ ги улови „ѓаволите“ на Олд Трафорд (видео)