Актуелниот првак на Европа, Реал Мадрид на домашен терен пред своите гледачи во првиот осминафинален натпревар ќе го пречека најдобриот тим во фазата по групи во Лигата на Шампиони, Пари Сент Жермен.

Двомечот помеѓу „кралевите“ и „светците“ со нетрпение се очекува и се барат билет повеќе чија цена достигна до неверојатни 24 000 евра. ПСЖ постигна најмногу голови и освои најмногу бодови во групната фаза, додека Реал Мадрид не е во посакуваната форма сезонава, но никој не смее да го отпише клубот со најмногу титули во ЛШ.

– ПСЖ е добар и компактен тим. Ние нема да играме против трите напаѓачи кои се кошмар за секоја одбрана туку против најдобрата одбрана и нивниот голман кој е во извондредна форма. – рече германскиот репрезентативец Тони Крос.

– Дуелот со ПСЖ ќе го одреди текот на нашата сезона. Овој меч и следниот во Парис за нас е како финале и ако поминиме повторно 1/4 финалните натпревари ќе бидат како финале. – дополни Роналдо.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ се игра во 20 часот и 45 минути, а во истиот термин силите на „Драгао“ ќе ги одмерат Порто – Ливерпул.

OhridNews