Во првиот четвртфинален натпревар Баерн Миннхен ќе биде домаќин на италијанскиот првак Јувентус. Средбата во Лигата на Шампиони за “баварците“ доаѓа во неверојатната победа од 9-2 против Хамбургер во Бундес лигата. Но, и покрај тоа за поранешниот фудбалер на “швабите“, Штефан Ефенберг тие не се фаворити во дуелот со “старата дама“.

– Мислам дека Баерн Минхен не е фаворит. Јувентус денеска е сосема друга екипа од таа што ја започна сезоната. Од тогаш до сега напредуваа многу посебно во тимската хемија која секогаш носи големи резултати – потенцираше поранешниот капитен на Баерн Минхен, Штефан Ефенберг.

Сезонава на Баерн Минхен според Ефенберг му недостига лидер, да ја подигне екипата кога има лош ден.

– Кога не оди како треба екипата на прав лидер, кој ќе внесе самодоверба и ќе ја подигне атмосферата. Секој успешен состав покрај тимска хемија мора да поседува спортска дрскост, а тоа Баерн го нема – заврши Ефенберг.

Мх.П.