Европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид ги продолжува натпреварите во Лигата на Шампиони елиминирајќи го Баер Леверкузен по изведувањето на пеналите.


„Јорганџиите“ во текот на 90-те минути со погодокот на Марио Суарез ја анулираа минималната предност на гостите и мечот отиде во продолженија.


Во дополнителните триесет минути мрежите мируваа и патникот во четвртфиналето се одлучуваше после пенал рулетот.

Во првата серија промашија Раул Гарсија и Чалханоглу за во втората да погодат Гризман и Ролфс. Во третата серија Суарез реализираше, а Топрак промаши.

Предноста веднаш ја прокоцка Коке, кој промаши, а изедначи Кастро. Во петтата серија Фернандо Торес беше прецизен, Кислинг биеше над голот и го промовираше Атлетико во четврфиналист.


Покрај шпанскиот состав пласман меѓу најдобрите обезбеди и Монако, кој елиминираше Арсенал.

Мх.П.