Францускиот првак Пари Сент Жермен им се придружи на Реал Мадрид, Порто и Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на Шампиони.

Регуларниот дел од натпреварот заврши со идентечен резултат од првиот натпревар 1-1. Челси поведе во продолжението, но не успеа да ја одбрани предноста откако Тијаго Силва постигна погодок за среќно реми 2-2 и пласман понатаму.


Иако изобилуваше со голема борба сепак, момент кој го одбележа мечот е дискутабилното исклучување на Златан Ибрахимовиќ во 32-та минута кое значително го промени текот на натпреварот.

 

Мх.П.