Стадионите „Стемфорд Бриџ“ во Лондон и „Петровскиј“ во Зенит ќе ги промовираат новите четвртфиналисти во Лигата на Шампиони. Први екипи 


Во Лондон ќе се сретнат екипите на Челси и Пари Сент Жермен. „Светците“ на Стемфорд Бриџ ќе ја бранат минималната предност (2-1) стекната на првиот натпревар додека „сините“ се пред мечот на сезоната.

Лошите резултати во Премиер лигата фудбалерите на Челси можат да ги сокријат само ако успеат да го елиминираат ПСЖ и да имаат подолга пролет во најеминетното клупско натпреварување во светот.

На „Петровскиј“ стадионот пак, Зенит ќе има иста задача како и Челси да ја анулира предноста (1-0) на Бенфика од мечот во Португалија.


Русите имаа одличен пласман во групната фаза од ЛШ и скор на домашен терен со што им дава дополнителна надеж за четвртфинале.

Зенит силите со Бенфика ќе ги одмери во 18 часот додека Челси и ПСЖ ќе се судрат во стандардниот термин 20:45 часот.

OhridNews