Германскиот првак Баерн Минхен ја стопираше перфектната серија на Пари Сент Жермен во фазата по групи во Лигата на Шампиони победувајќи го со 3-1 на „Алијанц Арената“ во последната шеста рунда.
Триумфот на „баварците“ им вреди само за престиж, бидејќи „светците“ го задржаа првото место на табелата поради победата (3-0) од првиот натпревар одигран во Париз.
„Баварците“ резултатот го отворија после осум минути игра кога Роберт Лендовски од близина го совлада Алфонс Ареола. Во 37-та минута Толисо со погодок со глава ја круниса одличната тимска акција на домаќините.
На стартот од вториот дел гостите од Франција со погодок на Килијан М`бапе се вратија во игра за позитивен резултат. Дилемите околу победникот ги реши Толисо со вториот погодок на мечот со кој донесе ново водство од два голови за „баварците“ и подоцна конечна победа 3-1.
ПСЖ како првопласиран патува во нокаут фазата во ЛШ, додека минхенски Баерн од втората позиција. Од оваа група во Лигата на Европа продолжува Селтик, а Андерлехт ги заврши европските натпревари за сезонава.
Од А групата продолжуваат Манчестер Јунајтед и Базел, а ЦСКА Москва среќата ќе си ја пробата во Лигата на Европа. Челси и Рома не дозволија успешно сценарио за Атлетико Мадрид во Ц групата и патуват во 1/8 финалето. „Јорганџиите“ честа ќе си ја бранат во ЛЕ. Во Д групата Барселона и Јувентус со победи ги заверија местата во ЛШ, а во ЛЕ патува Спортинг
Резултати:
Група А: Бенфика – Базел 0-2, Мен Ју – ЦСКА Москва 2-1
Табела: Мен Ју 15, Базел 12, ЦСКА Москва 9, Бенфика 0
Група Б: Баерн Минхен – ПСЖ 3-1, Селтик – Андерлехт 0-1
Табела: ПСЖ 15, Баерн Минхен 15, Селтик 3, Андерлехт 3.
Група Ц: Челси – Атлетико Мадрид 1-1, Рома – Карабах 1-0
Табела: Рома 11, Челси 11, Атлетико Мадрид 7, Карабах 2
Група Д: Барселона – Спортинг Лисабон 2-0, Олимпијакос – Јувентус 0-2
Табела: Барселона 14, Јувентус 11, Спортинг 7, Олимпијакос 1
OhridNews