Се играше 66 минута од мечот кога играчот за врска Стефан Шауб го загуби паметот. Апсолутно без потреба стартуваше екстремно грубо над фудбалерот на Ајакс. За овој старт Шауб заработи директен црвен картон и со сигруност ќе го пропушти реванш мечот во Амстердам.
Стратегот на Рапид, Зоран Баришич се извини на фудбалерот на Ајакс за овој непромислен потег на Шауб, потенцирајќи дека ваквите стартови се недозволени во фудбалот.
М.П.