Првиот натпревар од двомечот меѓу Вардар и Динамо Загреб во првото квалификациско коло во Лигата на Шампиони ќе го суди англичанецот Роберт Медли.
Натпреварот на „Филип Втори“ ќе биде дебитански во Европа за англискиот арбитир кој суди од 2013 година во Премиер лигата.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди арбитрите и за реванш мечевите. На Вардар во Хрватска ќе му суди рускиот судија Сергеј Иванов.
Мечот на „Филип Втори“ во рамките од првото квалификациско коло во ЛШ се игра вторник со почеток во 20:45 часот додека реваншот седум подоцна во Загреб.
OhridNews