Српскиот првак Црвена Ѕвезда обезбеди пласман во третата рунда од квалификациите за влез во Лигата на Шампиони поминувајќи го тимот на Судува со вкупен резултат (5-0).

„Црвено белите“ квалитетот го покажаа уште во првиот меч кој го добија со 3-0, а во реваншот го заверија пласманот со нова победа, овој пат 2-0.

На патот од пласман во фазата по групи во ЛШ на Црвена Ѕвезда и стои тимот на Спартак Трнава од Словачка.

Резултати: ХЈК – Бате Борисов 1-2 (1-2), Митјиланд – Астана 0-0 (1-2), Карабах – Кукеши 3-0 (3-0), Малме – Клуж 1-1 (2-1), Судува – Црвена Ѕвезда 0-2 (0-5), Базел – ПАОК 0-3 (1-5), Види – Лудогорец 1-0 (1-0), Штурм Грац – Ајакс 1-3 (1-5), Розенборг – Селтик 0-0 (1-3).

Резулатите во заградите се вкупни од двата натпревари.

OhridNews