Шампионската пресметка меѓу Барселона и ПСЖ ќе ја отвори елиминациската фаза од Лигата на Шампиони. Актуелните шампиони во своите првенства ќе се сретнат по трет пат во последните пет сезони во нок аут фазата. Двата тима се наоѓаат во одлична форма. ПСЖ победи на последните 10 од 11 меча, додека Барса победи на последните 12 од 16 меча.
За пресметката со “каталонците“ Унаи Емери нема да може да смета на капитенот Тиаго Силва кој е повреден, како и на Тиаго Мота кој е суспендиран. – Очекувам отворен и атрактивен натпревар. Ќе биде убава можност да се судриме со еден од најдобрите тимови во светот. Ние сме мотивирани и не се чувстуваме инфериорно, имаме одлични фудбалерите кои созреваат со ПСЖ и сакаат да испишат историја со клубот.
Интересен меч очекува и Луис Енрике кој нема големи проблеми при составувањето на стартиот тим. Надвор од стројот се Арда Туран, Хавиер Маскерано и Алекс Видал. – Имаме убави спомени од Париз. Двата тима имаат иста цел, а ние ќе се обидме да ја контролираме играта и створиме што е можно повеќе шанси. Познавајќи го Унаи, ќе направи се за да биде незгодно за нас и сигурно нема да биде лесно.
Можни состави
ПСЖ: Трап, Ауриер, Маркинос, Кимпембе, Максвел, Верати, Рабиот, Матуиди, Лукас, Кавани, Дрекслер.
Барселона: Тер Стеген, Серхи Роберто, Пике, Умити, Алба, Ракитич, Бускетс, Иниеста, Меси , Суарез , Нејмар.
Во останатиот натпревар вечерва се среќаваат Бенфика и Борусија Дортмунд.
OhridNews