Пари Сент Жермен го преслуша германскиот првак Баерн Минхен победувајќи го со 3-0 на „Паркот на Принцовите“, додека Челси со гол во судиското продолжение го совлада Атлетико Мадрид (2-1) во дерби пресметките во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.

„Светците“ им одржаа вистинска лекција на „баварците“ околу постигнувањето на голови. Фудбалерите на ПСЖ во погодок ги претворија трите добри прилики кои ги створија за разлика од германците кои не беа прецизни. Дани Алвес прв го начна Баерн Минхен, а работата ја завршија Едисон Кавани и Нејмар. 

„Јорганџиите“ во дербито на „Ванда Метрополитано“ поведоа со голот на Ентони Гризман од белата точка. Но, гостите од Лондон преку Алваро Мората прво го изедначија резултатот, а комплетниот пресврт го направија пред судискиот свиреж со погодокот на Бачујаши.

Најубедлива победа во А-Д сегментот забележа Базел победувајќи ја Бенфика со 5-0 пред своите гледачи, а исто така убедлив беше и Манчестер Јунајтед на гостувањето во Москва кај ЦСКА триумфирајќи 4-1. Спортинг Лисабон без Стефан Ристовски во составот му пружи солиден отпор на Барселона која победи минимално 1-0, додека во истата група Јувентус со 2-0 го совлада Олимпијакос и ги запиша првите бодови на табелата.

Резултати: 

Група А: Базел – Бенфика 5-0, ЦСКА Москва – Мен Ју 1-4

Табела: Мен Ју 6, Базел 3, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0,

Група Б: Андерлехт – Селтик 0-2, ПСЖ – Баерн Минхен 3-0

Табела: ПСЖ 6, Баерн Минхен 3, Селтик 3, Андерлехт 0

Група Ц: Карабах – Рома 1-2, Атлетико Мадрид – Челси 1-2 

Табела: Челси 6, Рома 4, Атлетико Мадрид 1, Карабах 0

Група Д: Јувентус – Олимпијакос 2-0, Спортинг Лисабон – Барселона 0-1

Табела: Барселона 6, Јувентус 3, Спортинг Лисабон 3, Олимпијакос 0

OhridNews